Манасков и Борозан го наполнија голот на Балатонфуреди, дебитираше и Мораеш

Ракометарите на Веспрем дојдоа до уште една победа во првенството на Унгарија, а денескаго совладаа тимот на Балатонфуреди со 40:28. Во триумфот голема улога имаше Дејан Манасков, но и Вуко Борозан кој дебитираше во дресот на Веспрем. Свое деби имаше уште еден поранешен играч на Вардар, пивотот Рожерио Мораеш.

На овој натпревар Давид Дејвис настапи само со еден играч на левата крилна позиција, па Манасков го одигра целиот натпревар. Дејвис продолжи да ги ротира играчите во ростерот, откако на првата средба ги немаше двајцата ракометари кои од Вардар се преселија во редовите на шампионот на Унгарија. Денескаи тие добија шанса за деби во првенствен дуел и учествуваа во новата победа.

Дејан Манасков имаше одлично издание. Тој шестпати успеа да го погоди голот на противникот, а со тоа беше втор стрелец во тимот. Најефикасен во победничкиот состав беше Вуко Борозан кој на својот прв меч постигна седум гола. Рожерио Мораеш не успеа да постигне гол, а во неговата статистика останаа запишани две исклучувања.

Веспрем третиот првенствен натпревар го игра веќе во вторник против Егер. Ова ќе биде последен од трите меча кои шампионот ги игра предвреме за да си го олесни распоредот во текот на сезоната.