Макеева и Дмитриева во Баја Маре?

Романската екипа Баја Маре продолжува да се засилува за следната сезона. Според шпекулациите во романските медиуми,  нови имиња во Баја Маре  се русинките Ксениа Макеева и Дариа Дмитриева. Челниците на овој клуб најавуваат силен проект за во иднина да бидат меѓу најдобрите екипи во европскиот крем.

makeeva
Фото: www.europamester.dk

Ксениа Макеева е сениорска репрезентативка на Русија и ракометарка на новиот руски шампион Динамо од Волгоград. Игра на позиција пикер, и потекнува од школата на Динамо. Централниот бек Дариа Дмитриева е јуниорска репрезентативка на Русија и  се смета за една од талентираните ракометарки во својата земја,  има само 19 години,  но сезоната што измина за нејзе беше успешна. Дмитриева дресот на Динамо го носи од 2011 година,  во истата година Дмитриева имаше деби настап во Лигата на шампионите против екипата на Ичако од Шпанија. Ова ќе биде прво интернационално искуство за овие две ракометарки од Динамо Волгоград.

Во редовите на Баја Маре следната сезона ќе настапува и Елена Ѓоргиевска,  покрај Ѓоргиевска нови имиња во Баја Маре се и норвежанката Камила Херем,  Валентина Елисеи,  Александра До Насименто и Барбара Аринхарт. Со овие засилувања се очекува Баја Маре да атакува на Фајнал Фор турнирот во Лигата на шампионите. Оваа сезона Баја Маре го освои шампионатот во Романија.