Македонски судии и во финалето: Во петокот судеа полуфинале, денеска се резерви

Судиите од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го судеа првото полуфинале на Европското првенство меѓу Франција и Шпанија, а денеска се резервни арбитри во финалето на шампионатот.

Финалниот дуел им припадна на домашните судии, Матија Губица и Борис Милошевиќ. Тие се на терен, но правилата на ЕХФ налагаат да има и резерви, па Начевски и Николов се тука доколку има потреба за замена.

Ова е само показател дека македонските судии имале добра арбитража на првенството и доказ дека биле оставени за завршните дуели откако имаа само еден натпревар во втората фаза на шампионатот.