Македонските ракометни фанови со нетрпение ја очекуваат петочната ждрепка:Металург во вториот, Вардар во петтиот шешир

Европската ракометна федерација го објави редоследот на “шеширите” пред петочната ждрепка по која ќе се дознаат групите за Лигата на шампионите. Екипата на македонскиот шампион Металург ждрепката ќе ја започне од вториот “шешир” што претставува најдобро котирање досега во неговата историја. Ова се должи пред се на одличните настапи и резултати кои ги забележа екипата на Металург во изминативе години во Лигата на шампионите. Вардар, поради добиената “вајлд карта” ждрепката ќе ја стартува од петтиот шешир а гледајќи ги имињата кои се во него( Фленсбург, Алборг, ПСЖ) се чини дека тоа е подобар избор дури и од вториот шешир.( Колдинг, Металург, Целје, Данкерк).

Шешир 1: Кил (Германија), Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска)

Шешир 2: Колдинг (Данска), Металург (Македонија), Целје ( Словенија), Данкерк (Франција)

Шешир 3: Загреб (Хрватска), Чеховски Медведи (Русија), Кадетен (Швајцарија), Алингсас(Шведска)

Шешир 4: Рајн Некар (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Пик Сегет (Унгарија), Висла Плок (Полска)

Шешир 5: Фленсбург (Германија), Алборг (Данска), Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција)

Шешир 6: Монпелје (Франција), квалификант 1, квалификант 2, квалификант 3