„Македонскиот“ Одорхеи победи минимално кај Сучеава

Одорхеи каде играат тројцата македонски интернационалци Гоце Ојлески, Горан Кузмановски и Милорад Куковски, оствари тешка победа на гостувањето кај незгодната Сучеава со 29:28, во меч од 3 коло на романскиот шампионат.

Кузмановски на овој меч постига 3 голови од 6 обиди, Куковски кој најчесто игра во дефанзивата погоди еднаш, додека Ојлески беше стрелец на 2 гола од 4 обиди. Во следното коло Одорхеи ќе игра против Сату Маре.