Македонска репрезентативка ќе го чува голот на Славија Прага

Репрезентативниот чувар на мрежата на Македонија во новата сезона ќе биде нова голманка во екипата на Славија Прага. Maтеја Серафимова им се приклучува на ракометарките од Прага откако минатата сезона ја мина во ПАОК од Грција. Серафимова доаѓа да ја замени Петра Кудлачкова која потпиша со Кристијанштад.

Нашата репрезентативка прикажа одлични игри и со тоа ги задоволи вкусовите на раководните лица во нејзиниот нов тим кои имале на радар неколку домашни ракометарки, но не можеле да ги добијат. За доаѓњето на Матеја свои мислење искажа сопственикот на тимот, Ричард Томан.

„Петра имаше откупна клаузула во својот договор и токму затоа моравме да бараме ново решение уште од јануари. Имавме на радар неколку голманки од Чешка, но тие нè одбија бидејќи сакале да учат во странство. Немавме друг избор и моравме да бараме странски играчи“, изјавува Томан

Благодарение на одличните контакти што ги има газдата на тимот во Европа, но и на Балканот, екипата на Славија од Прага пронајде две соодветни имиња и се двоумеше помеѓу една Русинка и нашата репрезентативка и во изборот победи Матеја која е избрана да ја претставува нашата држава на пријателските средби против Србија и Шведска во септември.

Во Славија Прага следната година тренер ќе биде Рубин Кузманоски, па ќе има македонска соработка и тоа може да биде и олеснителна околност за Серафимова, која вели дека имала понуди и од клубови од Франција и од Норвешка.