Македонската репрезентација сепак без Наумче Мојсовски во Атина

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Атина каде утре во 20:00 часот го играат првиот дуел од бараж двомечот, со репрезентацијата на нашиот јужен сосед, иако Наумче Мојсовски беше најавен на клупата на Ивица Обрван, сепак хрватскиот стратег се одлучи на негово место во тимот да му даде шанса на младиот и перспективен лев бек, Филип Талевски. Наумче Мојсовски остана во Скопје и ќе им се приклучи на репрезентативците по нивното враќање.