„Македонската“ Констанца остана без титула, Динамо Букурешт старо-нов шампион

Во финалето од плеј-офот во романското првенство екипата на Констанца во која има тројца македонски претставници не успеа да стигне до титулата. Констанца беше поразена од Динамо Букурешт во финалната серија со 2:0.

По победата на гостински терен Динамо беше многу блиску до титулата уште по првиот натпревар, требаше само на домашен терен да ја потврди победата. Ракометарите на Констанца предводени од Звонко Шундовски на клупата немаа шанси во реваншот и забележаа висок пораз, 33:19.

Уште на полувремето Динамо Букурешт можеше да започне со славење кога имаа недостижни 21:10, а второто плувреме беше формалност. Македонските репрезентативци Велко Маркоски и Никола Митревски мораа да се задоволат само со второто место.

Најзаслужен за победата во двата натпревари беше Банур кој на двата дуела постигна вкупно 24 гола. Ова е четврта титула во низа за Динамо Букурешт, а вкупно 16 трофеј во домашното првенство.