Македонија ја совлада Украина на стартот на квалификацискиот циклус

Македонската ракометна репрезентација ја обезбеди првата победа во квалификациите за Европското првенство 2018, откако вечерва пред домашната публика во „Борис Трајковски“ ја совлада репрезентацијата на Украина со резултат 27-21.

makedoukraina-2

Првото полувреме помина во изедначена борба, до 9-та минута гостите имаа предност од два погодока (2-4 9′), но Македонија до 14-та минута го изедначи резултатот, а веднаш потоа Манасков украдната топка ја претвори во ново водство на Македонија од 6-5. Талески минута подоцна ги постави највисоките два погодока разлика, предност која домашните ракометари до 19-та минута ја дуплираа за 11-7. Се што можеше да направи противникот е да го намали водството до два погодока, но првиот дел Македонија го заврши со предност од 13-10.

makedoukraina-4

Во вториот дел Лазаров преку удар од пенал повторно ја врати најголемата предност, која во 48-та минута достигна до највисоки +5 за 22-17. Сепак украинците не дозволија, составот на Червар предвреме да се радува на првата победа и неизвесноста ја врати со два погодока во низа. Но тоа беше последниот потег на украинскиот стратег, во продолжение македонската репрезентација преку Манасков се врати на највисоки пет голови, а во последната минута имаа шанса и да ја зголемат. Кирил Лазаров со својот 12-ти гол ги постави највисоките шест погодоци предност (26-20), Козакевич од пенал го намали ре3зултатот, а Кузмановски стави точка на овој дуел за конечни 27-21.

Најпрецизен во домашниот состав беше Кирил Лазаров со 12 погодоци, додека Манасков со 6 и Талески со 3 ја комплетираа листата најдобри стрелци. Кај гостите Жуков и Козакевич беше стрелец на 4 голови, а Садовји и Денисов постигнаа по три голови.

Веќе во сабота од 14:30 минути Македонија во рамките на второто коло од квалификациите за Европското првенство и гостува на Чешка во Плзен.ко