Македонија од Битола го почнува патот кон ново ЕП, Турција ја чека пекол

Македонската машка репрезентација денеска го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се игра дури во три држави – Шведска, Норвешка и Австрија.

Прв ривал на избраниците на селекторот Раул Гонзалес ќе биде селекцијата на Турција. Тоа не е репрезентација од првиот ешалон, па ниту од вториот, но но се ниту Фарски Острови и Белгија, па одиграа реми кај Црна Гора и Србија.

Затоа нашите репрезентативци не треба воопшто да го потценат противникот и мора сериозно да ги одработат задачите на теренот. Националниот тим по 13 години гостува во Битола, па поддршката од публиката нема да недостига.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција започнува во 20:15 часот во салата „Боро Чурлевски“, а ќе го суди унгарската двојка Петер Херцег и Петер Суди.