Македонија на Кејот на Вардар фаќа ритам за кам-бек на ЕП во ракомет на песок (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Двете репрезентации на Македонија во ракомет на песок кои веќе трет ден работат во Скопје во рамки на миин подготовките пред Европското првенство во Старе Јаблонки во Полска полека го фаќаат потребниот ритам за да се дојде до посакуваната форма пред шампионатот.

Селекторот Сашо Србиновски работи паралелно со двата состави, а има доста за работа бидејќи сите момци и девојки мора да се навикнуваат на правилата кои ги очекуваат на песокот бидејќи се работи за една сосема поинаква игра. Атмосферата е одлична и сите се подготвени за она што претстои, а дефинитивно мора да бидат и подготвени за одлични шутеви бидејќи бодувањето е поинакво.

Првенството се одржува од 2 до 7 јули. Машката селекција е во групата Ц заедно со Хрватска, Украина, Швајцарија и Италија, додека дамите се во групата Д со Данска, Русија, Украина и Германија.