Маестрално деби за Борко Ристовски во дресот на Кретеј

По првото коло на Француската ракометна лига екипата на Кретеј чии бои ги брани нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски се наоѓа на првата позиција на табелата. Кретеј беше подобар од екипата на Селестат со високи 10 голови разлика 41:31.

Борко Ристовски со извонредни 19 одбрани беше најдобар поединец на натпреварот и најзаслужен за победата на својата екипа. Најдобар стрелец во екипата на Кретеј беше левото крило Хуго Деска кој постигна 11 погодоци, а Квентин Минел беше стрелец на 6 голови.