ЛШ (жени): Тежок пораз на Подравка, Ѓер без проблеми против Локомотива

Првото коло од женската Лига на шампиони не донесе никакво изненадување. Фаворитите беа убедливи против своите противници.

Во А групата Крим беше подобар од Хипо со 32:20 ( 15:12). Динамо немаше никакви проблеми против Лајпциг и славеше победа со резултат 27:19 (16:10). Во второто коло Крим силите ќе ги одмери со Лајпциг во Германија, додека Хипо го пречекува Динамо на домашен терен.

Турингер против Подравка Вегета славеше убедлива победа со високи 33:20 ( 14:11) во Б групата. Предводени од Енглер и Надгорнаја кои беа најефикасни со по девет погодоци  домашните ракометарки во второто полувреме ја декласираа екипата на Подравка со што голманското трио Капитановиќ, Миленковиќ и Јукиќ на спротивната страна беше немоќно. Голманката на Турингер, Јана Краузе блескаше со седумнаесет интервенции. Во дресот на Подравка најефикасна беше Миринда Татари со шест погодоци. Македонскиот шампион ЖРК Вардар беше убедливо поразен на гостувањето во Подгорица од екипата на ЖРК Будуќност со 23:17 ( 12:9). Во второто коло ЖРК Будуќност гостува во Копривница против Подравка Вегета. Избраничките на Индира Кастратовиќ првите бодови ќе ги бараат пред својата публика против Турингер.

Во Ц групата данската екипа Виборг со победа ја стартуваше новата сезона. Покрај проблемите со кои се соочува Виборг во последните недели , тоа не претставуваше никаков проблем и издвојува многу лесна  победа против Савехоф со 38:25 ( 16:15). Сања Дамњановиќ одигра одлична партија со дванаесет погодоци, Фискер Мариа додаде седум. Во составот на Савехоф со шест погодоци се истакнаа Алм и Оден.

Екипата на Ѓер беше убедлива против Локомотива Загреб со 32:23 ( 17:13). Едуарда Аморим беше најдобра поединка во составот на Ѓер со осум погодоци, во дресот на Локомотива Загреб Соња Башиќ и Лидија Хорват постигнаа по четири погодоци. Во второто коло екипата на Ѓер гостува во Шведска против Савехоф, додека на домашен терен Локомотива Загреб ќе се соочи со Виборг.

Во Д групата Баја Маре забележа триумф против Лублин со резултат 30:25 ( 16:12). Норвешки Ларвик беше подобар од Мец со 25:20 ( 11:11). Во наредното коло Баја Маре и Елена Ѓорѓиевска му гостуваат на Мец. Ларвик втората победа ќе ја бара во Лублин.

Фото: Mario gentzel – pictureteam.com