ЛШ: Бајрамовска со Крим го декласираше Хипо, Баја Маре и Елена Ѓорѓиевска убедливо против Љублин

Денес започна Лига на шампионите во женска конкуренција. Во групата А словенечкиот шампион Крим на домашен терен го декласираше Хипо со високи 32:20 ( 15:12). Избраничките на Марта Бон одиграа одлично второ полувреме, а поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамовска беше најзаслужна за победата со осум погодоци, четири пати во листата на стрелци се запиша капитенот Тамара Мавшар. Марина Ламбевска не успеа да се запише во листата на стрелци. Кај Хипо најефикасни со по четири погодоци беа Горица Ачимовиќ и Мартина Горичанец.

Во групата Д амбициозниот тим на Баја Маре со победа ја стартуваше новата сезона во најквалитетното натпреварување. Пред домашните фанови Баја Маре славеше убедлива победа против Љублин со 30:25 ( 16:12). Најефикасна во романската екипа беше До Насименто со шест погодоци, нашата репрезентативка Елена Ѓорѓиевска постигна три погодоци.

Фото: www.rkkrim.com