Лука Степанчиќ од следната сезона во дресот на ПСЖ

Талентираниот десен бек на ППД Загреб, Лука Степанчиќ од следната сезона ќе биде член на Париз Сент Жермен. Тој во интервју за хрватското радио обелодени дека неговата следна дестинација е Франција.

„Во моментов сум играч на ППД Загреб и се ми е врзано за Загреб, но ова ми е последна сезона. Да, следната адреса е Париз“ – изјави Степанчиќ.

Хрватскиот бек најверојатно го одигра и последниот натпревар за екипата на Загреб откако во дуелот со Фленсбург доби повреда на коленото и му претстои рехабилитација од неколку месеци.