Лука Карабатиќ: Сите сакавме злато, но до него не се стига лесно

Пивотот на Франција, Лука Карабатиќ е задоволен од направеното на овој шампионат на кој светските шампиони дојдоа до бронзениот медал.

„Сите сакавме да освоиме злато на овој шампионат, но знаеме колку е тешко да се дојде до титулата. Свесни сме колку е тешко да се стигне до тронот на Европските првенства. Секогаш е потешко на собирите на Европа бидејќи има голем број на квалитетни селекции“, изјави Карабатиќ.

Тој вели дека оваа бронза за нив е добар резултат и поради промените коишто се случија во националниот тим во последниот период.

„Екипата претрпе многу промени во последниот период. Имаме неколку нови ракометари во состравот, а кога ќе погледнете и што сè се случуваше во последниот месец ова е добар резултат за нас и треба да бидеме задоволни“, рече Карабатиќ.