Лудило во соблекувалната во Хернинг: Данците се бањаа во шампањ славејќи ја титулата (ВИДЕО)

Репрезентативците на Данска се новите Светски шампиони откако успеаја да ја совладаат Норвешка во финалето од Мундијалот со 31:22 и на тој начин се вклучија на списокот на селекции кои победувале на најголемите светски ракометни собири.

Данците после натпреварот долго ја славеа титулата во салата во Хернинг. Во соблекувалната имаше буквално туширање со шампањ и имаше големо славење кое ќе трае особено поради фактот што со овој тројфе Данска се избори и за место на Олимписките игри и за следниот Мундијал во 2021 година во Египет.

Погледнете како беше во соблекувалната во Хернинг после натпреварот.

Danmark fejrer VM-guldet i omklædningsrummet

JA TAK! 🏆 🙌Se alt fra guldfesten her: https://link.tv2.dk/DanskGuldfest

Публикувахте от TV 2 Håndbold в Неделя, 27 януари 2019 г.