Ловро Јотиќ е МВП на струшкиот турнир

Освен победничкиот трофеј екипата на АЕК од Атина го имаше и најдобриот голман на турнирот. Тоа беше Игор Арсиќ кој во финалето беше еден од најдобрите поединеци на теренот и заслужен за триумф на грчкиот тим. Неговите одбрани беа клучни за пресвртот што АЕК го направи и на крајот дури и направи предност од четири голови во финалето.

Поединечни индивидуални награди освоија и Мирко Мајиќ од Бутел за најдобар стрелец, а Ловро Јотиќ од Еурофарм Работник ја добри наградата за МВП.

Грчки АЕК триумфираше во финалето на 47 издание на турнирот во Струга победувајќи го Еурофарм Работник со 27-23.