Лијевски: Нема да му биде тешко на Карачиќ да се навикне на стилот на Душебаев

Десниот бек на Келце, Криштоф Лијевски во својата изјава за сајтот на клубот истакна дека одбраната е клучна за успехот на една екипа. Исто така и напомена и дека одбраната може да донесе многу лесни голови преку брзи контри.

„Тренерот сака да промени нешто во нашата игра. Одбраната е клучна за успехот. Благодарение на добрата одбрана имате многу шански за брзи контранапади. Ќе има многу тактика во новата сезона. На Игор Карачиќ не би требало да му биде тешко да се навикне на стилот на Талант Душебаев. Тој и претходно има работено со шпански тренери, Роберто Парондо и Раул Гонзалез“, изјави Лијевски.

Дека управата не Келце многу внимателно ги избира засилувањата уште еднаш потврди и Полјакот.

„Играчите кои не размислуваат на теренот и не знаат да играат во двата правци никогаш нема да се снајдат во Келце. Ова е филозофијата на клубот. Талант и Бертус многу добро знаат кого носат во клубот“, рече полскиот ракометар.

Келце со новите засилувања во новата сезона ќе влезе многу амбициозно пред се во Лигата на шампионите, а во домашното првенство ќе се обиде да ја продолжи доминацијата.