Лице во лице: Германија против традицијата, Норвешка за историјата

За 18:30 е закажан почетокот на првиот полуфинален дуел меѓу Норвешка и Германија. Две млади репрезентации, двете селекции кои ги исфрлија најголемите фаворити за европската титула Данска и Франција. Ако за ракометните експерти е изненадување репрезентацијата на Норвешка, која според нив врвот ќе го достигне за неколку години, тогаш изменетиот состав на Германија е апсолутен шок.

Велат „Никогаш не ја отпишувајте Германија“ но секоја чест за тренерот кој ја пласираше Германија во полуфиналето без Генсхајмер, Грецки, Винчек, Вајнхолд, Дисингер, Гландорф…

Најсилното оружје на Германците е потполно идентично како и кај Норвешка. Две технички добро потковани брзи репрезентации кои својата сила ја базираат на добрата одбрана и прецизни контранапади.

Дуел во кој ќе одлучува денот на голманот Вулф, расположението на Ли Хансен, прецизните пенали на Јондал…

Досега двете репрезентации се сретнале седум пати на официјални натпревари, а првиот натпревар го одиграле во далечната 1958 година на Светското првенство во Источна Германија. За последен пат двете селекции играле на Светското првенство во Шведска, Норвешка била далеку поуспешна и со 10 голови предност го најавила падот на германскиот репрезентативен ракомет.

Но сега пристигнува нова Германија, млади ракометари предводен од искусниот исландски стратег Дагур Сигурдсон, шансата за полуфинале ја испуштија на Светското првенство во Катар, овојпат со принудно изменет состав ќе се борат за најсјајниот медал.

Норвешка е репрезентација која инвестираше во младите категории, по смената на генерации имаа пад кога станува збор за големите првенства, но сега со една нова генерација која ја предводат искусните Мирхол и Мамелунд, се стремат да го освојат ракометниот врв.

Во последните 20 години Германија нема победа против Норвешка на официјалните натпревари, дали тоа ќе се промени ќе дознаеме по првото полуфинале.

Историја на меѓусебни дуели:

02.03.1958 Берлин Демократска Република Германија НОРВЕШКА 09:19 (04:11) ГЕРМАНИЈА Светско првенство – Група Б

05.03.1961 Дортмунд Федеративна Република Германија ГЕРМАНИЈА 15:08 (10:04) НОРВЕШКА Светско првенство – Главна фаза- Група II

31.10.1997 Хамбург Германија ГЕРМАНИЈА 24:14 (12:04) НОРВЕШКА Европско првенство квалификации – Група 4

02.11.1997 Осло Норвешка НОРВЕШКА 18:23 (07:11) ГЕРМАНИЈА Европско првенство квалификации – Група 4

25.01.2000 Ријека Хрватска ГЕРМАНИЈА 22:22 (11:10) НОРВЕШКА Европско првенство – Група A

27.01.2005 Сосе Тунис НОРВЕШКА 27:27 (12:15) ГЕРМАНИЈА Светско првенство – Група Д

25.01.2009 Задар Хрватска НОРВЕШКА 25:24 (12:12) ГЕРМАНИЈА Светско првенство – Главна фаза-Група II

25.01.2011 Јонкопинг Шведска ГЕРМАНИЈА 25:35 (13:17) НОРВЕШКА Светско првенство – Главна фаза-Група I