Лино Червар: Нашата група не е лесна…

Селекцијата на Хрватска беше поставена во групата во Минхен уште пред ждрепката за групите за Светското пренство, а истата ја донесе и Македонија во оваа група каде се и Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Ова ќе биде тешка задача за сите селекции, а јасно е дека Македонија ќе игра против својот поранешен селектор, Лино Червар. Ова ќе биде интересна пресметка, а во својата прва изјава селекторот на Хрватска имаше умерени коментари.

„После ждрепката е тешко да се зборува поопширно за сè. Мислам дека најважно е да се каже дека нашата група не е лесна, а групата А е тешка. Секој противник ќе биде нездоден. Треба да се концентрираме на секој ривал, а секоја средба ќе биде нова приказна. Сè ќе зависи од нас и од нашата игра, но јас сум оптимист“, вели Червар кој се надева на поддршка од голем број на навивачи.

Средбите од првото коло во групата Б се играат на 11 јануари, а наскоро ќе биде познат и комплетниот распоред.