Линдберг: Судењето на натпреварот за третото место беше срамно!

Репрезентацијата на Данска и покрај големите очекувања на ЕП, не успеа да стигне до медал во Хрватска.

Ракометарите на Николај Јакобсен во натпреварот за третото место беа поразени од Франција со резултат 32-29, по што завршија на четврттото место на ЕП.

Десното крило на Данска, Ханс Линдберг жали за пропуштената шанса за освојување на медал, посочувајќи го судискиот пар од Романија како еден од главните виновници за тој епилог.

“Ова е дефинитивното најлошиот епилог за нас. Бевме толку блиску а толку далеку. Ќе се обидеме да растеме како тим и дефинитивно ќе се вратиме на СП во Данска наредната година. Судењето на деншниот натпревар беше срамно. Ни судеа веројатно најлошите судии на првенството. Имаше голем број неразбирливи судиски одлуки на наша штета. И покрај тоа се боревме како тим, и секогаш кога се обидувавме да се вратиме во игра тие стапуваа на сцена”.-заврши разочарано Линдберг.