Лига на Шампиони (жени): Триумф на домаќините

Руската екипа Динамо со победа ја стартуваше сезоната во Лига на шампионите во женска конкуренција. Екипата од Волгоград пред своите фанови беше подобар противник од Лајпциг и славеше убедлива победа со 27:19 ( 16:10). Дариа Дмитриева го предводеше својот тим до победа со девет погоци, во составот на Лајпциг најефикасна беше репрезентативката на Полска, Каролина Кудлач со десет постигнати погодоци во мрежата на противникот. Претходно во групата А победа забележа и Крим против Хипо со 32:20 ( 15:12).

Во Д групата Ларвик во Норвешка беше подобар од Мец со 25:20 ( 11:11). Одлична партија на теренот прикажа Нора Морк која постигна 11 погодоци и беше најзаслужна за победата против францускиот тим. Баја Маре на отворањето во Лига на шампионите славеше победа против Љублин со 30:25 (16:12).

Во сите досегашни дуели во новата сезона победа остварија домашните екипи. Натпреварите од  Б и Ц групата се играат денес.

Фото: SVEIN ANDRÉ SVENDSEN