Ливриниќ одлична, но Галаци никако да победи

Репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ на готувањето кај Клуж одигра одличен натпревар и успеа да реализира шест пати со што беше втор стрелец за својот тим.

Галаци доживеа нов пораз 27:31, но Ливриниќ и на овој натпревар ја потврди својата добра форма во која игра на последните настапи.

Поддршката од соиграчите е многу слаба и никако не успеваат да стигнат до позитивен резултат во првенството на Романија.

После овој пораз Данубиус Галаци се наоѓа во многу тешка позиција. Остануваат на последната 13. позиција на табелата со освоени само пет бодови во досегашниот тек на првенството.