Лејно ги пропушта пријателските средби со Норвешка

После 15-неделна работа и подготовка женската репрезентација на Франција се подготви да отпатува за Aнтилите каде ќе одигра две пријателски средби против Норвешка.

За овие натпревари тренерот на Французинките, Оливие Крумбхолц нема да може да располага на услугите на Амандин Лејно и Лориса Ландре кои се повредени, но остануваат во комбинација за следните акции.

Поранешната вардарка која во новата сезона ќе игра за тимот на Ѓер не е во можност да помогне, но би требало да биде подготвена за стартот на подготовките со новиот тим. Инаку, Крумбхолц има замена за двете повредени ракометарки, а двата пријателски натпревари Французинките ќе ги одиграат на 14 и 16 јули.

На двете средби ќе конкурираат 18 играчи во кои се наоѓа и довчерашната вардарка Александра Лакрабер.