Лекиќ со солзи во очите го прослави првото финале на Вардар (ФОТО)

По четири обиди, Вардар конечно стигна до големото финале. Вардарки одиграа прекрасен натпревар и уште во првите десетина минути направија огромна разлика со која обезбедија победа над актуелниот европски првак ЦСМ Букурешт 38-33.

Андреа Лекиќ по натпреварот со солзи во очите ги поздрави фановите кои пристигнаа во Будимпешта за да го поддржат македонскиот шампион.

Ова е трето финале за српската репрезентативка
Првата титула Лекиќ ја освои со противникот во годинешното финале Ѓер
по четири години ова е прво финале за Лекиќ и Вардар