Лајпциг, Минск, ФТЦ и Далфсен во борба за место во ЛШ

Лајпциг ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир на групата 1 за влез во Лига на шампионите. Покрај Лајпциг учесници ќе бидат и Минск од Белорусија, Далфсен од Холандија и ФТЦ од Унгарија.

На 20.09.2014 со почеток од 16 :00 часот во Лајпциг ќе се соочат ФТЦ и Далфсен. Домаќинот Лајпциг за противник ја има екипата на Минск од Белорусија. За белорускиот шампион ќе настапат и три поранешни ракометарки на ЖРК Вардар, Ана Виноградова, Екатерина Љубјанија и Евгенија Жулкина. Натпреварот Лајпциг – Минск  ќе се игра на 20.09.2014 со почеток од 18:30. Победниците ќе се сретнат во големото финале, а подобрата екипа во финалето ќе обезбеди место во најквалитетното натпреварување и ќе биде дел од групата А составена од Крим , Хипо и Динамо.

Распоред на натпреварите:

Сабота ( 20. 09. 2014)

ФТЦ – Далфсен  ( 16 :00)

Лајпциг – Минск ( 18 : 30)

Недела ( 21. 09. 2014)

Натпревар за трето место  ( 16: 00)

Финале ( 19 :00)


Лајпциг ( сезона 2014/15)

hc leipzig-ehf

Минск ( сезона 2014/15)

minsk-handball

ФТЦ ( сезона 2014/15)

ftc-ehf

Далфсен ( сезона 2014/15)

dalfsen-ehf