Ласе Сван останува верен на Фленсбург

Германскиот шампион, Фленсбург постигна договор за продолжување на соработката со едно од најдобрите десни крила во светот. Имено, Ласе Свaн ќе остане верен на својот тим до 2022 година.

Искусниот Данец е еден од најуспешните и најверни играчи на Фленсбург. Тој е член на шампионот на Германија веќе 11 години, а со продолжувањето на договорот ќе остане огромни 14 години во клубот. За ова време, Сван постигна неверојатни 2158 гола во над 550 натпревари.

Во кариерата освои се што може да се освои. Стана светски, европски и олимписки првак со својата држава, додека на клупски план ја освои Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот во Германија, како и во Данска.

Легенда е на својот тим и најверојатно во Фленсбург ќе ја заврши играчката кариера.