Ларвик на работ на бездната

Спроред норвешките медиуми, бордот на директори на Ларвик свикал итен состанок на кој се решавале прашањата околу се понеизбежниот банкрот на клубот. Имено на норвешкиот гигант од женскиот ракомет му недостасуваат четири милиони норвешки круни за да се спаси.

За оваа ситуцација во клубот се огласи диреторката на тимот, Кетрин Сведсен која истакна дека морало итно да се свика состанок пред да се отпуштат сите вработени.

„Според правните процедури, моравме веднаш да свикаме состанок пред да ги отпуштиме сите вработени“, изјави Сведсен.

Од неизбежната ситуација видно потресена е и капитенот на Ларвик, Мари Молиде.

„Не можеме да се носиме со емоциите, ова пристигна како директен удар за нас“, додаде Молиде.

Трошоците на тимот се околу два милиони круни. Покрај ова, клубот нема средства да ги исплати платите за февруари и март кој изнесуваат повеќе од еден милион круни. За да продолжи да постои, Ларвик треба во блиска иднина да собере околу четири милиони круни.

Богатата историја на Ларвик ги краси со 19 титули во домашниот шампионат, 17 титули во Купот и еден трофеј од Лигата на шампионите.