Лазаров ќе добие нов тренер во Нант

Како што пишуваат француските медиуми, соработката помеѓу Тјери Анти и Нант би можела да заврши кога ќе му истече договорот. Тоа значи дека во 2020 година, друг тренер ќе седне на клупата на Нант.

Наводно, Тјери Анти, кој е тренер на Нант од 2009, веќе имал состанок со претседателот на клубот, Гаел Пелетие и му била понудена друга функција во клубот.

Искусниот французин, во септември 2017 го продолжи договорот со европскиот вицешампион до летото 2020 година. Како негова можна замена се шпекулира со името неговиот заменик, Шпанецот Алберто Ентрериос.