Лазаров стандардно најдобар, Нант го победи Елверум на турнирот во Стразбур

Ракометарите на Нант со победа стартува на турнирот во Стразбур кој традиционално е најава за сезоната во францускиот ракомет. Во мечот од првото коло во групата, екипата на Алберто Ентрериос го потврди одличниот тренд во подготвителниот период и во финишот го скрши тимот на Елверум за победа од 35-32.

Кире Лазаров беше одлучувачки фактор и со голови кога се „кршеше“ резултатот донесе триумф . Натпреварот го заврши со седум погодоци. Репрезентативниот капитен погоди за 28-29, а потоа при 32-32 ја одведе својата екипа до одлучувачка предност.

Освен Лазаров, расположени за голови беа Турна, кој даде пет и Ривера и Калваканти, кои стрелаа по четири пати. За место во финалето францускиот тим ќе се сретне со унгарскиот вицешампион ПИК Сегед.