Лазаров продолжува да освојува награди: Вторпат во кариерата ја освојува наградата “Trofeo Powerade”

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, по втор пат во својата кариера ја доби наградата “Trofeo Powerade”. Тој ја добива оваа награда поради одличните настапи во сите конкуренции во Асобал лигата во сезоната 2013/14 , каде во дресот на Барселона одигра 38 натпревари и постигна 176 голови.

Оваа награда Асобал лигата започна да ја доделува од сезоната 2009/10, а досега добитници на ова големо признание се Виктор Томас, Даниел Шариќ, Сергеј Рутенка, Исајас Гвардиола, и нашиот Лазаров кој првпат ја доби во дресот на Атлетико Мадрид минатата сезона.

Ова признание лично ќе му биде врачено на Лазаров на натпреварот од Суперкупот на Асобал, во кој Барселона ќе игра против екипата на Гранолерс.