Лазаров остана меѓу најдобрите десет стрелци на СП

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров успеа да се задржи високо на Листата на стрелците. Тој со 48 гола е точно на 6. позиција со 24 погодоци помалку од лидерот на листата, Микел Хансен.

Лазаров и после завршувањето на настапите остана како лидер, но беше јасно дека ќе биде надминат, па пред него завршија и Јондал, Соле, Генсхајмер и Сагосен.

Меѓу најдобрите 30 стрелци се најде и Дејан Манасков. Тој постигна 33 гола за време на седумте натпревари, а со нив е на делба на 30. позиција.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

72 – Микел Хансен (Данска)

59 – Магнус Јондал (Норвешка)

58 – Феран Соле (Шпанија)

56 – Уве Генсхајмер (Германија)

51 – Сандер Сагосен (Норвешка)

48 – Кирил Лазаров (Македонија)

46 – Јусуф Али (Катар)

46 – Ервин Фојхтман (Чиле)

44 – Расмус Лауге (Данска)

44 – Кентин Мае (Франција)