Лазаров за 24Ракомет ТВ: Недозволиво е против ваква Хрватска да промашите петнаесет зицери (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Минхен загуби од Хрватска со резултат 31-22, со што го забележа првиот пораз на СП во Данска и Германија. Македонските ракометари се обидоа да изненадат тактички со 7 на 6, половично тоа и изгледаше добро, но дефинитивно затаи реализацијата. Статистиката вели дека Македонија промашила 15 зицери, момент по кој тешко може да се надевате на победа и против далеку послаби репрезентации од една Хрватска. Со овие зборови капитенот Лазаров накратко ги објасни настаните на теренот во Олимпијахале во Минхен, но и најави дека треба да се дигне главата горе и да се продолжи да се брка третото место во групата кое носи пласман во следната фаза.

Целокупната изјава на капитенот Кирил Лазаров за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.