Лазаров на гости кај поранешниот клупски колега (ФОТО)

Денеска од 18:30 часот Кирил Лазаров и неговата Барселона гостуваат во Полска против екипата на Висла Плок. Во полскиот состав настапува Мариус Јуркевич кој беше соиграч на Лазаров во времето кога настапуваа за Атлетико Мадрид, а двајцата пријатели одвоија малку време да се видат и поразговараат пред важниот натпревар. Лазаров се наоѓа во фантастична форма и пристигна во Плок да ја продолжи својата голгетерска серија и да придонесе за нова победа на својата екипа која до овој момент е без пораз во групата Б. Висла Плок со 7 освоени бодови моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата и секој позитивен резултат против гигантот Барселона ќе значи чекор поблиску до пласманот во осминафиналето.

lazarov Jurkevic