Лазаров и Темишвар загубија од Васлуи

Тимот на Поли Темишвар, каде играат двајцата македонски интернационалци Филип Лазаров и Златко Даскаловски, загуби на гостувањето кај Васлуи со 32:29. Веројатно уморот по четири меча во две недели си го стори своето и тимот на Перо Милошевиќ не беше спремен за нова победа.

Лазаров на овој дуел имаше солидна минутажа и успеа да погоди 3 пати од 7 обиди, од кои еднаш од пенал. Следен предизвик за Темишвар ќе биде тешкиот дуел со шампионот Динамо Букурешт.