Лазаров и соиграчите срушија нов рекорд: Победата над Пуерто Сагунто зачинета со 51 погодок! (Видео)

Пред повеќе од 700 гледачи, во арената Блауграна, Барселона одигра уште еден натпревар од регуларниот тек на АСОБАЛ лигата. „Жртва“ на каталонскиот клуб во 21-то коло беше екипата на Пуерто Сагунто. Очекуваната победа на Кирил Лазаров и соиграчите беше зачинета со поставување на нов клупски рекорд за најмногу постигнати голови на еден натпревар. Осумдесете погодоци беа распределени по 51 за домашната и 29 за гостинската екипа. Беспрекорни во редовите на Барселона беа, Нодесбо со осум и Карабатиќ со седум погодоци, додека капитенот на македонската репрезентација учествуваше со два погодока.
Барселона доминира во шпанското првенство со 42 поени, шест повеќе од второпласираната Натурхаус Ла Риоха, додека Фертиберија Пуерто Сагунто се наоѓа на осмото место на табелата и заостанува 22 поени зад лидерот.
Дел од голеадата на овој натпревар можете да погледнете на видеото подолу…

ФОТО:www.fcbarcelona.com