Лазаров и Нант за гол покуси од “мечките”

Тимот на Нант загуби од рускиот шампион Чеховски Медведи и на крајот заврши на четвртото место на турнирот што изминатиот викенд се одржа во Стразбур.

По слабото издание против ПИК Сегед, тимот на Кире Лазаров не успеа да се рехабилитира и во мечот за трето место беше поразен од “мечките” од Чехов со 35-36.

По пријателските натпревари, за Нант и Лазаров следува настапот на “Трофеј на шампионите” следниот викенд, со кој традиционално се најавува стартот на новата сезона во францускиот шампионат.