Лазаров и колегите полесно од очекувањата, лесно го надиграа Ст. Рафаел

Со натпреварот меѓу Нант и Ст. Рафаел беше комплетирано 3. коло од најсилната лига во Франција, а екипата на Кире Лазаров дојде до лесна победа од 28:22.

Ова беше средба на која се очекуваше поголема неизвесност, но Нант имаше контрола во овој дуел. Во првото полувреме беше поизрамнето и резултатот беше 13:13, но затоа во вториот дел се виде квалитетот. Нант успеа да наметне свој ритам и да дојде до 15:9 во вторите 30 минути со што го доби овој дуел со шест гола разлика.

Лазаров имаше реализација од 43 проценти. Постигна три гола од седум обиди.

Најефикасен на овој натпревар во редовите на Нант беше Николас Турно со шест гола, а Ајмерик имаше четири. Во редовите на Ст. Рафаел, Рафаел Кошето зарши со честири погодоци.