Куп на Шпанија: Барселона ќе се бори со Куенка за трофејот

На програмата во Шпанија беа полуфиналните дуели од купот. Очекувано екипата на Барселона се пласираше во финалето го совлада тимот на Ла Риоха, а противник ќе и биде составот на Куенка кој беше подобар од Гранољерс.

Во првиот дуел помеѓу Куенка и Гранољерс победникот речиси беше решен по првото полувреме кога составот на Куенка направи солидна предност пред продолжението. На полувреме имаа водство 17:10. Во вториот дел ракометрите на Гранољерс се обидоа да се доближат но разликата беше преголема па до крајот на натпреварот само го ублажија поразот. Конечниот резултат беше 26:22 во корист на Куенка.

Барселона беше апсолутен фаворит во вториот дуел против Ла Риоха и ја оправда фаворитската улога. Без поголеми проблеми обезбеди пласман во финалето и славеше со 28:24. Веќе по првите 30 минути Барса обезбеди предност 17:10 за мирна игра во вториот дел. Д0 крајот рутински одработеа за пласман во финале и борба за првиот трофеј сеозонава.

Финалето се игра денеска во 19:00 часот во кое Барселона е огромен фаворит.

Куп на Шпанија, полуфинале, резултати:

Куенка – Гранољерс 26:22 (17:10)
Барселона – Ла Риоха 28:24 (17:10)