Куп на Хрватска: Загреб освојувач на хрватскиот куп!

Ракометарите на Кроација осигурање Загреб се победници на 23-то издание на хрватскиот ракометен куп. Во финалето кое се играше во Умаг играчите на најтрофејниот хрватски клуб го совладаа градскиот ривал Дубрава со 39-31(19:11) и ја освоија својата 22-ра куп титула.

Иако во финалето настапија ослабени без своите стандардни бекови Мандалиниќ и Степанчиќ (повреди), ракометарите на Загреб убедливо славеа во финалето.Загреб по 10 минути игра имаше убедливи 8-0 и покажа дека ривалот нема што да бара на овој натпревар. Дубрава својот прв погодок го постигна дури во 11 минута преку Иван Думенчиќ. Агресивната одбрана, распложениот Стевановиќ на голот и голгетерски расположените Вуглач, Обрановиќ и Чориќ му донесоа на Загреб убедливо водство од 19-11 на полувреме.
хорват
фото:rk-zagreb.hr
И во вториот дел Загреб одигра на високо ниво, неговите играчи не дозволија опуштање и покрај високото водство кое го имаа и продолжија во ист стил да го полнат голот на Вепров. Дубрава во второто полувреме заигра за нијанса подобро и му пружи нешто подобар отпор на Загреб. Конечниот резултат гласеше 39-31.Најрасположени за игра во редовите на Загреб беа Вуглач со 6, и Обрановиќ, Хорват и Чориќ кои постигнаа 5 голови. Кај Дубрава најефикасен беше Иван Думенчиќ со 7 реализации.