Куп на Хрватска (полуфинале): Дубрава подобра од Нексе, Загреб пресилен за Вараждин

Овој викенд (15-18 мај) Умаг е домаќин на хрватскиот машки ракометен куп.Во првото полуфинале кое беше на програмата од 17:00 часот, екипата на Дубрава успеа да го совлада Нексе со 33-29(16-15) и да се пласира во големото финале. Најпрецизни во победничката екипа беа Иван Думенчиќ и Лука Винковиќ кои постигнаа по 8 голови. Во екипата на Нексе Игор Вујич беше стрелец на 5, додека Тибор Јурјевиќ постигна 4 гола.

kup_dubrava-nexe
Фото:www.hrs.hr

Хрвоје Хорват

(тренер,Дубрава)

Победивме силин противник, игравме на едно високо ниво. За нас натпреварот против Нексе беше финале пред финалето. Сега ни останува да се одмориме и во финалето да одиграме најдобро што можеме.Треба да одиграме еден енергичен натпревар со многу жар и ќе видиме до каде можеме.

Зденко Корди

(тренер,Нексе)

И честитам на екипата на Дубрава. Заслужена победа. Знаев дека е ова голем натпревар за Дубрава, и им го потенцирав тоа на моите играчи.Не сум задоволен од играта, за мене ова е еден „дебакл“ во мојата кариера. Ние само 15 минути игравме како што требаше,а останатиот дел од натпреварот Дубрава го диктираше темпото. Исто така индивидуалната игра и брзата реализација се дел од причините за нашиот пораз.


загреб
Фото:rk-zagreb.hr

Во второто полуфинале Загреб беше подобар од Вараждин со убедливи 38-28(17-12). Најрасположени за игра во екипата на Загреб беа Марио Вуглач и Сандро Обрановиќ кои постигнаа по 7 голови, а Златко Хорват 6 пати се запиша во листата на стрелците. Кај Вараждин најпрецизни беа Иван Сршен и Хорват со по 6 голови.

Борис Дворшек

(тренер,Загреб)

Им честитам на моите играчи, добро се бореа, демонстрираа брз и модерен ракомет и го заслужија пласманот во финалето. Исто така сакам да им честитам и на играчите на Вараждин.Тие играа паметно и стрпливо со долги напади, и морам да признаам дека на почетокот со таа тактика помалку и не успаа.На крајот нашиот квалитет дојде до израз, тие повеќе не можеа да го пратат нашето темпо, и на крајот со овие десет голови разлика ја оправдавме улогата на фаворити.

Марио Вуглач

(десен бек,Загреб)

Нашите цели се јасни. Сакаме да ги освоиме двата трофеја оваа сезона. Купот е натпреварување во кое никој, а посебно Загреб нема право на кикс.Очекувавме подобро издание на Вараждин во однос на натпреварите од првенството, и тоа и го покажаа.Ние помалку опуштено влеговме во овој натпревар, но брзо реагиравме и се вративме во игра. Кога влеговме во ритам тие веќе немаа никакви шанси. Малку ме изненади резултатот од првиот натпревар, иако може да се забележи дека Нексе има пад на формата по завршувањето на Сеха лигата. Искрено нас ни е сеедно против кого ќе играме во финале. Целта е јасна а тоа се две титули.

Натпревар за 3-то место(сабота,17мај)
Нексе-Вараждин (15:00 часот)

Финале (недела,18 мај)
Загреб-Дубрава (17:30 часот)