Куманово го скрши отпорот на Стружанкa во второто полувреме

Во рамки на 15. коло од Женската лига Куманово ја пречека екипата на Стружанка. Кумановки на крајот славеа убедливо 32:22 иако од почетокот на натпреварот не тргнаа најдобро.

Стружанка на стартот поведе со 2:0 и тоа беше единственото нивно водство на натпреварот, но до крајот на полувремето успеваа да одржат активен резултат со негатива од 2-3 гола, 14:11.

Во второто полувреме Куманово го крена нивото на игра и со две серии од по 4:0 стигнаа до двоцифрена разлика која беше доволна за убедлива победа. Во составот на Куманово три ракометарки постигнаа по шест погодоци, Пеовска, Боризовска и Дабевска, додека во гостинскиот состав исто така по шест гола постигнаа Делиоска и Јованоска.

Куманово останува на втората позиција на табелата со освоени 37 бодови два помалку од водечкиот Металург. Стружанка со овој пораз останува на четвртата позиција со осоени 28 бодови.

ЖРК Куманово – ЖРК Стружанка 32:22
Спортска сала: ОУ Х.Т.Карпош, Куманово. Почеток: 13:00. Судии: Спаско Ќаев и Глигор Ќаев. Гледачи: /

ЖРК Куманово: Живковска, Трајковиќ 5, Ивановска 1, Пеовска 6, Боризовска 6, Дичковиќ , Шарановиќ, Петковска, Стојчевска, Кипријановска 4, Наумоска, Краљевска, Радевска, Цветановска, Дабевска 6, Димова 4.

ЖРК Стружанка: Јовичинац 2, Ристоска, Маркоска 4, Јованоска 6, Дурацоска, Затуроска 2, Митоска, Дукоска, Петреска 2, Делиоска 6.