Кузманоски меѓу играчите со најдобра форма во Одорхеи

Екипата на Одорхеи после победата на стартот од сезоната забележа пораз во рамки на 2. коло од првенството на Романија и тоа на гостувањето кај Потаиса Турда со 28:34.

Од овој меч останува да се одбележи тоа што на стартот на сезоната Горан Кузманоски е меѓу играчите со најдобра форма во тимот на Одорхеи. Тој постигна четири гола со кои беше втор стрелец во екипата.