Кугис за 24Ракомет ТВ: Понуда од Вардар се добива еднаш во животот- веднаш кажав ДА! (ВИДЕО)

Едно од засилувањата за Вардар во новата сезона ќе биде летонскиот голман Артурс Кугис, кој доаѓа од германскиот состав Гросшвалтат.

Тој вели дека не размислувал премногу кога  ја добил понудата од актуелниот европски првак.

„Во моментов когаја добив понудата од Вардар имав и други понуди. Но повик од Вардар се добива еднаш во животот и веднаш кажав да“, вели Кугис.

Целосната изјава на летонскиот голман можете да ја погледнете во продолжение…