Куба се повлече од квалификациите за Мундијалот

Репрезентацијата на Куба имаше големи надежи за враќање на големата сцена и се обидуваше одново да се квалификува на едно големо натпреварување, но уште нема да има ништо од ова бидејќи Кубанците се откажаа од квалификациите за СП.

После проблемите со вадењето на виза за Гренланд каде се играат овие квалификации за Пан-америка, па едната група остана со пет селекции.

Без Куба овие квалификации ќе бидат осиромашени, но јасно е дека Бразил и Аргентина се фаворити за пласман на Светското првенство додека Чиле е со најголеми шанси да финишира како третопласирана селекција.

Вчера Бразил успеа да победи против Канада со 42:13, додека Аргентина го надигра Перу со 48:8.