Кубан ја има „најкул“ маскотата (ФОТО)

Кубазонката-воин со име Куби е маскотата која што ќе се грижи за забава на фановите на екипата на Кубан. Тимот ја претстави маскотата на дуелот против Астраханочка, а отсега ќе биде редовен дел од сите натпревари на тимот.

Оваа маскота е дефинитивно „најкул“ досега на ракометните терени, а веќе е познато и откаде е дојдена идејата за неа.

Се работи за кубазонка-воин. Се работи за претставник на „Скитите“, племе коешто живеело пред многу векови коешто во краснодарскиот крај одело да лови риба. Тоа биле жени, кои биле силни, а редовно носеле и копје и лак и стрели.