Кристина Елез во Локомотива?

Репрезентативката на Хрватска и ракометарка на Ростов-Дон, Кристина Елез следната сезона нема да го игра во Русија и најверојатно нејзина следна дестинација ќе биде екипата на Локомотива од Загреб кој има силни амбиции за во Европа. По двојната освоена круна во хрватскиот шампионат, добрите резултати во женската регионална лига ја ставија екипата на уште повисоко ниво. Иако трансферот на Елез во Локомотива е само шпекулација, голема е шансата следната сезона да го носи дресот на Локомотива Загреб. Кристина Елез од унгарски Ерди потпиша договор на една година со Ростов -Дон. Руската екипа Ростов-Дон не успеа да склопи шампионски тим и беше далеку од формата на новиот руски првак.
Со шампионската титула во Хрватска, екипата на Локомотива обезбеди учество во Лигата на шампионите, за прв пат во историјата, од постоењето на клубот.