Крим го потврди трансферот на Бајрамовска

Ракометниот клуб Крим Меркатор од Словенија на својата клупска страна го потврди доаѓањето на поранешната репрезенативка на Македонија, Мирјета Бајрамовска и стави крај на шпекулациите.
На адресата на Мирјета Бајрамовска пристигнале понуди и од други клубови, но се решила за Крим со оглед на тоа што ќе има можност да настапува во најелитното европско клупско натпреварување. За битолчанката, Крим ќе биде седми клуб во нејзината ракометна кариера, по настапите за ЖРК Пелистер, Мар Аликанте, Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал, Елпидес Драма и ЖРК Металург.
Лошата финансиска криза која владееше во Крим се стабилизира. Клубот го продолжи договорот со Тамара Мавшар и хрватската репрезенативка Јелена Грубушиќ. Наредните денови се очекува клубот да го потврди враќањето на Нели Ирман од Ген Загорје.