Крај на сагата: Хамбург сепак бундеслигаш ?!

Сагата заврши, победи ракометот, а поранешниот победник на Лигата на шампионите иако без поголемиот дел од ѕвездите, сепак ќе доживее уште еден ден во најсилната ракометна лига во свет? Под строги услови и обврски ракометниот клуб Хамбург доби лиценца за натпреварување во Бундеслигата 2014/15 сезона.

Арбитражниот трибунал го прифати меѓусебениот договор на DKB ракометната Бундеслигата и ХСВ и по интензивни осум-часовни преговори на состанокот денеска во градот Минден даде лиценца за 2014/15 сезона под строги услови и обврски.

Арбитражниот трибунал, составен од адвокатот и нотар Френк Лоу од Стад како претседател и двајца оценувачи назначени од DKB ракометна Бундеслигата, му ја додели лиценца на Хамбург под услов да се достави доказ за надомест на милионската разлика во ликвидност до 1 Јули, 2014.

На почеток на месецов, ХСВ поднесе жалба против одлуката на независната комисија за лиценцирање која одлучи да не му издаде лиценца за учество во DKB ракометната Бундеслига за 2014/15 сезона. Жалбата беше едногласно отфрлена од страна на Комисијата за натпреварување на DKB ракометна Бундеслигата, а како последна можна инстанца, ХСВ поднесе жалба до арбитражниот трибунал.

Со денешната одлука на Арбитражниот трибунал станува јасно дека РК Сарлуис сепак ќе остане во втората ракометна лига доколку Хамбург успее да ги обезбеди потребните документи, одлуката ќе ја има својата завршница на почетокот на следниот месец.